🌟 НОВA ПРОГРАМA – Малдиви како никогаш досега!
Ви го претставуваме нашиот најнов ресорт – фантастично доживување на Bandos 4★ Resort! Време е за вистински тропски рај!
🏝️ Зошто да го изберете Bandos?
Замислете го следново: се будите со поглед на тиркизна лагуна, чекорите боси по бел песок, додека брановите нежно ве поздравуваат… На Bandos, ова не е само фантазија – туку вашето секојдневие!
Овој прекрасен ресорт со 4★ ѕвезди нуди идеален баланс меѓу модерен комфорт и тропски шарм. Без разлика дали патувате како пар, со пријатели или со семејството, Bandos има сè што ви треба за да го создадете вашиот совршен одмор:
🌺 Уживаме во соби или вили, опкружени со природа
🍽️ Вкусуваме локални и интернационални вкусови
💆♀️ Спа центар за целосна релаксација
🎉 Организирани активности и забава под ѕвездено небо
✨ Луксуз кој што секој може да си го дозволи!
Она што го прави Bandos посебен е тоа што нуди луксузно искуство по исклучително прифатлива цена.
🚤 Најдобро од сè – се наоѓа само 15 минути со брз брод од Мале, што значи помалку трансфер, а повеќе време за уживање!
Добијте го чувството на авантура без да потрошите мало богатство – токму затоа ова е еден од најпаметните избори за патување на Малдиви во моментов.
📸 Подгответе ги камерите, вашата следна голема авантура започнува тука.
✨ Малдиви ве повикуваат – дали сте подготвени?
- Код на патување
- MV214
- Тежина
- Погодно за деца
- Да
План и програма
Состанок на патниците на Меѓународниот Аеродром во Скопје. Лет од Скопје за Истанбул со Turkish Airlines, пристигнување во Истанбул. Преседнување на лет за Мале, Малдиви. Авантурата може да започне! Одиме на местото кое со причина го нарекуваат рајот на земјата!
Превоз
- Индивидуален авио билет со сите такси на релација Скопје - Истанбул (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж.
Место
- Скопје
- Истанбул
По слетувањето на аеродромот во Мале потребено е да се упатите кон претставникот на Bandos Resort каде ќе добиете инструкции за трансферот до ресортот. До North Male atoll патуваме со брз брод. За половина час пристигнуваме до сместувањето. Се сместуваме во нашиот хотел и започнуваме со истражување на овој рај!
Превоз
- Индивидуален авио билет со сите такси на релација Истанбул - Мале (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж.
- Трансфер со брз брод од аеродромот во Malé до Bandos
Сместување
Bandos Maldives 1 ноќ
Место
- Мале
- Bandos Maldives
Храна
- All Inclusive (ручек и вечера) × 1
Денови резервирани за потполно уживање на овој егзотичен остров! Шетаме по плажата со бел песок, читаме книга, пиеме коктел и уживаме во тропскиот рај! Целосно се опуштаме и полниме батерии! Овие денови се посветени на нас и уживањето!!
Сместување
Bandos Maldives 6 ноќи
Место
- Bandos Maldives
Храна
- All Inclusive × 6
По појадок, правиме check-out од нашите соби. Имаме слободно време да уживаме на плажа и да се поздравиме со островот! Пиеме уште една пијачка и имаме трансфер со брз брод до Male. Лет до Скопје. со преседнување во Истанбул
Превоз
- Трансфер со брз брод од Bandos до Male.
- Индивидуален авио билет со сите такси на релација Мале - Истанбул (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж
Место
- Bandos Maldives
- Мале
- Истанбул
Храна
- All Inclusive (Појадок) × 1
Пристигнување во Истанбул. Преседнување на лет за Скопје. Пристигнување во Скопје. Крај на патувањето.
Превоз
- Индивидуален авио билет со сите такси на релација Истанбул - Скопје (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж
Место
- Истанбул
- Скопје
Поаѓања и цени
Сите уплати се вршат исклучиво во денарска противредност по курс од 62 денари за 1 евро и тоа: при пријавување се плаќаат 200€ (12.400,00 МКД) по лице. Преостанатиот дел се плаќа најдоцна 40 дена пред поаѓање. Можност за плаќање преку трансакциска сметка (на фактура) и со платежни картички Visa, Master, Maestro.
Препорачуваме рано пријавување на патници заради ограничениот број на места. При пријавувањето потребно е да се достави скренирана прва страница од патната исправа, која е валидна за датумот на патувањето (има важност минимум 6 месеци по датумот на враќање и има доволно празни страници во текот на патувањето), во спротивно агенцијата не одговара за печатење на авио билетот со погрешни податоци.
Доколку се пријавите како соло патник, потребна е доплата за еднокреветна соба. Со цел да го избегнете овој трошок по пријавата ние ќе го рекламираме Вашето поаѓање на нашите социјални медиуми за да најдеме друг соло патник кој би сакал да дели сместување со Вас. Агенцијата нема обврска задолжително да Ве спои со друг соло патник доколку никој не се пријави. Во тој случај, доплатата за еднокреветна соба останува како ставка за плаќање од страна на пријавениот патник.
Што е вклучено
Превоз
- Индивидуален авио билет со сите такси на релација Скопје - Истанбул (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж.
- Индивидуален авио билет со сите такси на релација Истанбул - Мале (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж.
- Трансфер со брз брод од аеродромот во Malé до Bandos
- Трансфер со брз брод од Bandos до Male.
- Индивидуален авио билет со сите такси на релација Мале - Истанбул (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж
- Индивидуален авио билет со сите такси на релација Истанбул - Скопје (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж
Храна
1 × All Inclusive (ручек и вечера) , 6 × All Inclusive , 1 × All Inclusive (Појадок)Не е вклучено
- Меѓународно здравствено осигурување (може да се уплати во агенцијата)
- Важна напомена: На ова патување нема претставник од агенција.
- Задолжителен green tax за Малдиви која изнесува 12€ дневно по лице (или 84€ по лице за цело патување)
Сместување
Останати поаѓања за Дестинации
Сингапур, Бали и Куала Лумпур од Скопје
Последни 2 местаСингапур, Бали и Куала Лумпур од Скопје
Последни местаКанарски острови: Ланзароте и Фуертeвентура Авантура
Последни 2 местаСингапур, Бали и Куала Лумпур од Скопје
Последни местаКорисни информации
Овде ќе најдете корисни информации за самата дестинација, како и некои совети за ова патување.
Сите патници мораат да пополнат и Health Travel Authorization форма на https://imuga.immigration.gov.mv/. Оваа форма се принта и се носи со Вас на аеродром.
Ве молиме сите овие информации, пред патување, уште еднаш проверете ги со претставници на нашата агенција. Агенцијата не сноси одговорност во случај на погрешни информации наведени на нашиот сајт, поради промена на регулативата за влез во државата, од моментот на објавување на овие информации, до моментот на патување.
Важни напомени
Ве молиме внимателно прочитајте ги овие напомени. Сметаме дека е исклучително важно нашите патници да бидат добро информирани, што овозможува помалку недоразбирања за време на патувањето и попријатно искуство.